Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Работилница за енергетска ефикасност во Крива Паланка

Работилница за енергетска ефикасност во Крива Паланка

Kriva_Palanka1
Како дел од проектот „Јавните институции – енергетски ефикасни“ во Крива Паланка  се одржа работилницата „Потребите од енергетска ефикасност на јавните институции“. Ова е трета работилница од проектот и втора на тема енергетска ефикасност, со акцент на исполнување на стандардите за енергетска ефикасност при изработка на техничка и проектна документација.

– Особено внимание треба да се обрне на заштита на зградите од атмосферски влијанија и на изработка на добри термоизолациски фасади и покровна конструкција. Доколку подрачјето е подложно на подолги периоди со врнежи, за продлжување на векот на траење на објектите потребно е канализирање на атмосферската вода во соодветни пропусти со што таа нема да влијае на стабилноста на постојниот објект, – рече Красимира Александрова од Центарот за јавна поддршка од Дупница, Република Бугарија.

Проектот „Јавните институции – енергетски ефикасни“ се спроведува во рамки на ИПА програмата на Европската Унија за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија. Носител на проектот е основното општинско училиште „Илинден“ од Крива Паланка, а партнер е здружението „Центар за јавна поддршка“ од Дупница, Република Бугарија.

Испрати коментар

Scroll To Top