Насловна / Вести / Пуштен во употреба првиот дел од „Боемска улица“

Пуштен во употреба првиот дел од „Боемска улица“

boemska ulica

Од денеска, во употреба е пуштен целиот потег на проектот „Боемска улица“ што досега е изграден, со вкупна површина од околу 2.700 м2.
Освен улицата „Ѓорги Пешков“, која е 55% од вкупната површина, опфатени се и дел од тротоарите на улица „Орце Николов“, спојот на улицата „Орце Николов“ со улицата „Михаил Цоков“ и тротоарот на улицата „Михаил Цоков“, спроти општината.
Се работи, рече градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски, за модерно решение, на едно ниво кое овозможува непречено движење на пешаци, инвалиди и велосипеди и со самото тоа придонесува за визуелна естетска целина.boemska ulica (2)
„Со ова ги демантираме гласините дека за предвидените средства во висина од 23.949.505,00 денари не е само комплетната реконструкција на улицата Ѓорги Пешков. На северниот дел на улицата Ѓорги Пешков е формиран мал плоштад со уникатна урбана опрема. Ова го наговестува и нашиот следен чекор. Продолжуваме од познатата Идадија, во ист стил. Имам позитивен притисок од угостителските објекти да продолжиме со оваа улица“, изјави Жерновски.
Со ова, рече Жерновски, освојуваме уште една оаза во Центар. Целиот коловоз е поплочен со коцки од природен гранит, со дебелина од 10 сантиметри и како што рече и самиот, се гордее со квалитетот, бидејќи тој гарантира долг век на траење.boemska ulica (3)
Поставени се 15 нови декоративни канделабри, подземно се спуштени сите кабли од ЕВН и кабловските оператори, има нов дрворед и хортикултурно уредување на целиот потег и модерна урбана опрема.

Испрати коментар

Scroll To Top