Насловна / Арт и дизајн / Првиот робот полицаец на светот веќе патролира во Дубаи (Видео)

Првиот робот полицаец на светот веќе патролира во Дубаи (Видео)

Robot policaec Dubai

Со цел да ги зајакне своите полициски сили, полицијата на Дубаи го „вработи“ REEM, првиот робот полицаец. Првиот полицаец робот во светот има задача да патролира низ моловите и туристичките атракции. Пред неколку дена, REEM се појави во Dubai Mall а граѓаните биле навистина љубопитни и изненадени. Роботот е опремен со автономен навигациски систем и екран на допир и може да се движи низ секаква околина. Висок е 1,65 м и се движи до 5 km/h. Опремен е со сензори за следење и препознавање и погонуван е со батерија која трае 8 часа. Освен во функција на безбедноста, овој робот има улога и на водич и логистичка алатка. Има мала вградена платформа со која може да транспортира помали товари. Создаден е од страна на мултинационалната компанија  PAL Robotics, лоцирана во Барселона.  Властите во Дубаи планираат да воведат 25% роботи полицајци до 2030 година. Што се однесува до лингвистичките способности, „полицаецот“ засега зборува само англиски и арапски, но наскоро во неговото CV ќе бидат надоградени и руски, кинески, француски и шпански.

 

Видео:

Испрати коментар

Scroll To Top