Насловна / Архитектура / Првиот музички хотел во Европа

Првиот музички хотел во Европа

музички хотел во европа_02

Овoj неверојатен и иновативен хотел се наоѓа на брегот на реката Шпре во срцето на Берлин , европската младешка, културна, музичка, уметничка и модна сцена.

музички хотел во европа_03

Nhow Berlin е хотел кој навистина нема конкурент во Европа. Тој всушност претставува една нова генерација на хотели кои се надвор од мејнстримот и го афирмираат животот. Во овој хотел сите се вртат околу музиката и дизајнот и ова е прв хотел кој на своите гости им нуди две музички студија и има соби за проба.

музички хотел во европа_06 музички хотел во европа_05 музички хотел во европа_04 музички хотел во европа_08

Хотелот, исто така, има музички менаџер и обезбедува инструменти за свирење како дел од нивните услуги.

Во ентериерот преовладуваат светли бои со неонски и изразени акценти. Низ целиот простор се провлекуваат органски форми, и се стекнува впечаток дека просторот е флуиден, дека „тече“.

Униформите на персоналот се дизајнирани од врвни модни дизајнери. Исто така е  можно да се купат дизајнерски предмети поврзани со уживање во музиката, како што се слушалките на едни од најпознатите шведски дизајнери WeSC.

музички хотел во европа_01

На покривот се одржуваат концерти и забави. Овие настани често пати се организираат, но исто така  е случува да бидат и спонтани. Сите соби се опремени со најнови технички и технолошки стерео системи, специјални душеци и дигитален интерфејс.

музички хотел во европа_09

Во барот се одржува легендарната вечер „Отворен микрофон“, а коктелите, се разбира, се специјално дизајнирани и уникатни.

музички хотел во европа_07

Испрати коментар

Scroll To Top