Насловна / Вести / Првиот мост во Мадрид изграден во техника на 3D печатење

Првиот мост во Мадрид изграден во техника на 3D печатење

Мадрид стана првиот град во светот кој доби пешачки мост целосно произведен со најновата технологија на 3Д печатење.

Живееме во време на најголемиот процут на технологијата, а секојдневните нови сознанија до кои ние како општество доаѓаме, во потполност го менува начинот на кој живееме. Последната вест од овој вид доаѓа од шпанскиот град Мадрид, каде што е поставен сосема необичен мост за пешаци.

Institute for Advanced Architecture of Catalonia (IAAC) собра тим луѓе кои го реализираа првиот мост создаден во техника на 3Д печатење, а е лоциран во паркот на квартот Alcobendas во Мадрид.мост во мадрид 3д

Мостот е долг 12 метри, а широк 1,75 метри и има за цел да покаже како оваа иновативна технологија, може да се користи во многу области.

Дизајнерите нагласуваат дека тие се надеваат дека овој проект ќе послужи како одраз на комплексноста на формите што се наоѓаат во природата. Компонентата на која особено се внимавало во изработката на новиот мост е еколошка одржливост.

Поточно, се оптимизирала дистрибуцијата на материјалите и се минимизирала количината на отпад, а отпадот што се создава е насочен кон рециклирање. Повеќе детали можете да дознаете од краткото видео.

Испрати коментар

Scroll To Top