Насловна / Вести / Првата електрична Vespa, веќе од следната година на патиштата

Првата електрична Vespa, веќе од следната година на патиштата

Една година по најавата дека се работи на Vespa на електричен погон, компанијата Piaggio ја претстави продукциската верзија на Саемот за мотоцикли во Милано. Новиот модел е опишан како идеален за урбана средина. Официјалното име на овој скутер е Vespa Elettrica, и со полна батерија може да мине околу 100 km.

vespa 2

Времето на полнење на батеријата изнесува 4 часа, а рокот на траење е 10 години. И електричниот скутер го задржа својот препознатлив класичен дизајн. на купувачите ќе им биде понуден избор од седум бои, а цената сеуште не е позната.

vespa 3

Piaggio најави дека наскоро ќе биде понуден на пазарот и моделот Elettrica X со поголема автономија во возењето (200 km), благодарение на дополнителниот мал агрегат на бензин кој исклучиво служи како генератор на електрична енергија.

vespa 1

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top