Насловна / Вести / Прва регионална конференција на Балканските совети за зелена градба „Градиме одржлива иднина“

Прва регионална конференција на Балканските совети за зелена градба „Градиме одржлива иднина“

На 4 март 2026 година, со почеток во 10.30 часот, во Комората на овластени архитекти и овластени инженери во Скопје ќе се одржи Првата регионална конференција на балканските совети за зелена градба под мотото „Градење одржлива иднина“, во организација на Македонскиот совет за зелена градба (GBCNM).

Македонскиот совет за зелена градба, како дел од иницијативата Western Balkans GBC, активно работи на забрзување на транзицијата кон одржлива изградена средина преку промоција на енергетска ефикасност, намалување на јаглеродните емисии и усогласување на градежните практики со зелените политики на Европската Унија. Нашата мисија е јасна – да ги обединиме институциите, индустријата и заедниците во создавање поздрави, поотпорни и поинклузивни простори за живеење и работа.

Визијата на Македонскиот советот за зелена градба (GBCNM) а во соработка со Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Р. Македонија е да се позиционира како релевантна, доверлива и експертска платформа, која ќе биде катализатор за иновации, едукација и политики што ја поддржуваат примената на зелени технологии и одржливи практики во градежниот сектор.

Во остварување на овие цели, Советот активно соработува со:

  • водечки компании од областа,
  • национални и локални институции,
  • академската заедница,
  • финансиски институции,
  • граѓанскиот сектор,
  • професионалци и организации посветени на одржливо градење, енергетска ефикасност, обновливи извори на енергија, заштита на животната средина, намалување и рециклирање на градежен отпад, како и дигитализација на градежната индустрија.

Првата регионална конференција „Градење одржлива иднина“ ќе биде платформа за презентација и размена на знаења, истражувања и добри практики, но и можност за создавање нови партнерства и бизнис можности во Северна Македонија и поширокиот балкански регион.

ВАЖНО: Регистрацијата се врши преку веб страната на комората на линкот > РЕГИСТРАЦИЈА

Агенда и детали за Конференцијата можете да видите тука.

Испрати коментар

Scroll To Top