Насловна / Архитектура / Прва деловна зграда од дрво во Австралија

Прва деловна зграда од дрво во Австралија

Во рамките на главниот деловен кварт во Сиднеј, реномираната австралиска архитектонска компанија Tzannes and Associates одговорна за проектирање и изградба на седмоспратната комерцијално – деловна зграда неодамна ја комплетирала целокупната конструкција од дрво.прва деловна зграда во австралија (2)

Главната носечка конструкција се состои од дрвена рамка и ламелирани греди, а спојните елементи се од челик и претходно се изработени во фабриката „Hess Timber“ во Германија и испорачани директно на градилиштето.прва деловна зграда во австралија (4)

Она што ја карактеризира оваа конструкција се композитните носачи направени од три блока залепена ламелирана смрека и внатрешни слоеви од ламелирана дрвена граѓа кои се специјално развиени за овој проект.прва деловна зграда во австралија (3)

Комплексот има вкупна површина од 7.900 m².  Катовите кои се наменети за издавање имаат флексибилни планови на просториите со височина од 2,7 метри. Целта на авторот на овој проект е Ниво 5 од стандардот на одржливост  „NABERS“  („National Australian Built Environment Rating System“).прва деловна зграда во австралија (1)

Испрати коментар

Scroll To Top