Насловна / Архитектура / Прва архитектонска школа за деца во Белград

Прва архитектонска школа за деца во Белград

Во јули во Белград ќе се отвори Кипрах архитектонската школа за деца, огранок на истоимениот концепт кој во Русија постои од 2015 година. Кипрах е архитектонско биро од Краснодарск, кое паралелно со праксата развива и архитектонска школа за деца. Отвориле школи во градовите низ цела Русија, а школа сега и во Белград.

3
Кипрах програмата е немаента за деца на возраст од 6 до 14 години со цел да се потикне нивниот талент и креативност. Предавачи се домашни експерти од областа на архитектурата со повеќегодишно искуство во праксата и одржување на настава. Доктори на науки и докторанти на Архитектонскиот факултет на Универзитетот во Белград.

1
Предавачите ги учат децата да размислуваат како архитекти и ги спремаат за практична примена на архитектонските знаења низ игра.
Школата е така конципирана за да го развие просторното и концептуално размислување на учениците од различни возрасти. Децата добиваат прилика да ги совладаат основите на архитектонскиот концепт и форма, како и основните начела на функционирање на конструкциите.

4
Лекциите се посебно осмислени за да ги развијат мотористичките способности на децата и одговараат на возраста. Практичната настава се изведува на макети на мостови и кули кои децата сами ги прават на часовите.

5

Динамиката на школото е еднаш неделно два и пол часа во континуитет, часовите секогаш се за викенд за да се вклопат во слободното време на децата и за да курсот не ги попречува училишните обврски. Работата е организирана во две старосни групи: 6-8 и 9-14 години.

6

4

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top