
Електричниот школски авион E-Fan на европската групација Airbus, во петокот првпат официјално полета во Франција. Францускиот министер за економија Арно Монтебур го оцени овој лет како „револуционерен“. Првиот официјален лет на авионот, долг 6,7 м, траел 10 минути. Сериското производство на овие авиони е планирано да започне во 2017 година.
Целта на компанијата е за 20 години да започне со производство на големи електрични транспортни авиони.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија
И сега можеме да летаме на батерии, а не можеме да возиме на батерии? 🙂