Насловна / Вести / Протестен марш во Валандово против рудниците

Протестен марш во Валандово против рудниците

Граѓанската иницијатива „Спас за Валандово SOS“, за утре, 08.12.2017, најавува протестен марш на кој ги повикува граѓаните од целиот Југоисток и пошироко да побараат итно стопирање на рудниците  Казандол, Иловица – Штука и Боров Дол. Маршот ќе започне во 12 часот со собир на граѓаните на булеварот “Првомајска” пред автобуската станица во Валандово, од каде ќе почне да се движи кон крајната цел: регионалната крстосница Валандово – Пирава – Марвинци (Страиште) во 13 часот.
По блокадите на крстосницата и споделувањето на барањата со јавноста, маршот ќе продолжи кон почетната точка во Валандово.
Во склоп на овој масовен собир на граѓаните од Југоистокот, во 15 часот ќе започне „Конференција на граѓаните против рудниците на смртта“ каде ќе може да се слушнат искуства од активности против отворање на рудници од страна на еколошки активисти  од Романија, како и од соседните Грција и Бугарија. Исто така, ќе се одржи и  дискусија на тема „Што од овие искуства ние како граѓани на Југоистокот на Македонија можеме да искористиме во нашата борба против рудниците на смртта?” Конференцијата ќе се оддржи во Валандово.
Во исто време организаторот повикува и на протест пред Владата на Република Македонија во Скопје, исто така во 12 часот на 08.12.2017, со цел да ја подигне свеста за опасноста од овие рудници, не само на регионално туку и на национално ниво.
Spas-za-Valandovo1
ПРОТЕСТИ КАВЕР за порфил СКОПЈЕ


Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top