Насловна / Арт и дизајн / Пронајдено Bluetooth богатство на германски остров

Пронајдено Bluetooth богатство на германски остров

На германскиот остров Риген, во Балтичкото Море, археолозите пронашле закопани сребрени парички, стари 1.000 години.
Освен тоа, тие пронашле прстени и белезици поврзани со ерата на данскиот крал Харолд Гормсон-Блутут.blutut (3)
Една сребрена паричка била пронајдена од аматер археолог и 13-годишно момче во јануари додека го скенирале местото со метални детектори. Експертите го чувале откритието во тајност, за тимот да може да го ископа земјиштето. По ископувањето, археолозите пронашле плетени ѓердани, чекан на Тор, брошови, прстени и околу 600 монети, најверојатно закопани во 80-тите години на 10 век.blutut (2)
„Ова е најголемото откритие на од времето на Харолд Гормсон, во денешна Северна Германија, откако изгубил голема морска битка против силите лојални на неговиот син Свин Форкбред. Харолд починал во 987 година, а бил крал на областа на денешна Данска, Северна Германија, Јужна Шведска и делови на Норвешка. Тој го вовел христијанството во Данска.blutut (1)
Кралот бил овековечен од нордиските технолошки компании – тие го искористиле неговото име Bluetooth за безжичната технологија во дигиталните уреди.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top