Насловна / Арт и дизајн / Пронајдена сликата „Дете со меур“ од Рембрант

Пронајдена сликата „Дете со меур“ од Рембрант

dete so meur
Сликата „Дете со меур“ од славниот уметник Рембрант ван Рејн (1606-1669), украдена во 1999 година од француски музеј,  неодамна е пронајдена, откако две лица се обиделе да ја препродадат, јавија француските медиуми.

Инаку овој холандски сликар е најпопуларен меѓу крадците. Според податоците, проценето е дека досега биле украдени 337 слики, кои му се припишуваат на Рембрант или на неговите ученици и следбеници.

Најпознатата кражба се случила во 1990 година, кога од музеј во Бостон било украдено делото на Рембрант со наслов „Бура на Галилејско Езеро“. Американските власти тогаш понудиле награда од три милиони евра за нејзиното наоѓање.

Рембрант е еден од најзначајните сликари од барокниот период. Најпознати дела му се: „Ноќна стража“, „Еврејската невеста“, „Ана и Тоби“, „Жена фатена во прељуба“, „Белсазаровата гозба“, „Симнување од крст“.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top