Насловна / Вести / Пронајдена еколошка замена за ладилниот медиум R 466A

Пронајдена еколошка замена за ладилниот медиум R 466A

Додека како замена за ладилниот медиум R 410A  кај помалите системи за климатизација веќе подолго време се користи R 32, досега сеуште немаше прифатливо решение за системите со променлив волумен на работниот медиум. Но, сега би можело да се каже дека решението е на повидок. Неодамна е претставено ладилното средство со ознака  R 466A.  Се работи за медиум развиен од страна на американската компанија Honeywell и која се појавува и под трговското име Solstice N41. Станува збор за смеса од R 32 (49%), R 125 (11,5%) и CF3I (39,5%).  Новиот работен медиум е неотровен, незапалив, и негорив, па се вбројува во групата  A1 и има потенцијал на глобално загревање  GWP = 730, односно само  35%  од вредноста за R 410A. Има многу слични термодинамички и физички својства како R 410A,  поради што ќе бидат потребни мали адаптирања на постоечките системи за климатизација. Сепак, како мал недостаток, стручњаците засега го споменуваат користењето на  CF3I  во составот, чиј потенцијал на разградување на озонот изнесува  ODP (Ozone Depletion Potential) = 0,01 – 0,02. Новиот ладилен медиум се очекува да се појави на пазарот  во 2019 година, објави германското стручно списание CCI Zeitung.

 

Испрати коментар

Scroll To Top