Насловна / Вести / Промовирани дипломираните и магистрирани студенти на Градежниот факултет

Промовирани дипломираните и магистрирани студенти на Градежниот факултет

00
На Градежниот факултет Скопје, денес, беа промовирани дипломираните и магистрираните студенти по градежништво, геотехника и геодезија во периодот од април 2013 до април 2014 година. Оваа година дипломи им беа доделени на 22 магистри на технички науки од областа на градежништво и геотехника и пет магистри на технички науки од областа на геодезија. Дипломирале, пак, 52 градежни инженери, 54 геодетски инженери и 18 геотехнички инженери.

Најдобар дипломиран студент со највисок просек (9,79) е Кристијан Руневски, кој од Инженерската институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и овластени инженери доби Инженерски прстен.

Компанијата АДИНГ на дипломираниот студент со најуспешна дипломска работа со примена на хидроизолации и енергетски ефикасни материјали со тема: „Подобрување на квалитетот на градежни материјали: додатоци за бетон“ и додели награда на Весна Грујоска.

Дипломираниот студент Наташа Неделковска е со најуспешна дипломска работа од геотехника со тема: „Методологија за подготовка на карти за хазард од свлекување во Пехчевско“ и доби награда од Градежен институт „Македонија“.

За првпат оваа година награда се додели и од полето на геодезијата каде  дипломираниот студент Филип Касаповски е со најуспешна дипломска работа „Андроид апликација како GNSS контролер“ и доби награда од Комората на трговци поединци и овластени геодети и трговски друштва за геодетски работи.

Декантот на Градежниот факултет, Милорад Јовановски, на дипломираните и магистрираните студенти им порача максимално да ги искористат своите потенцијали и знаења затоа што во овој период во Македонија во фаза на изведба или во најава се голем број капитални објекти од инфраструктурата, како автопатишта, гасоводи, железнички линии, големи брани, згради.

„Со нивната градба може да бидете дел од плејадата градители што ќе ги изведе овие објекти со кои заедно ќе се гордееме”, нагласи Јовановски.

Испрати коментар

Scroll To Top