Насловна / Вести / Промоција на публикацијата „Музеите во Македонија“

Промоција на публикацијата „Музеите во Македонија“

Денеска (18 декември), во 12 часот, во Музејот на македонската борба ќе се одржи промоција на публикацијата „Музеите во Македонија“.музеј за македонска борба

Публикацијата „Музеите во Македонија“, е дело на авторите Захаринка Алексоска-Бачева, м-р Бранислава Михајлова и д-р Крсте Богоески, во издание на Македонскиот национален комитет на Меѓународниот совет на музеите, и претставува единствена и прва публикација од тој тип кај нас.

Реализацијата на публикацијата е овозможена со финансиска поддршка од Министерството за култура на Република Македонија.

Промотор на публикацијата „Музеите во Македонија“ ќе биде доц. д-р Даворин Трпески.

Испрати коментар

Scroll To Top