Насловна / Вести / Промоција на првото Сертификационо тело како дел од Градежен Институт Македонија

Промоција на првото Сертификационо тело како дел од Градежен Институт Македонија

Утре (20 октомври) во „Александар Палас“, во 11 часот, ќе се одржи официјална промоција на првото Сертификационо тело, посебно тело, дел од Градежен Институт Македонија. Телото е акредитирано од Институтот за акредитација на Република Македонија и Решение издадено од Министерство за економија согласно Законот за градежни работи.

ГИМ Сертификација е тело за Сертификација на градежните производи и Сертификација на контрола на фабричко производство. Со формирање на сертификационото тело за градежни производи, ГИМ Сертификација, овозможено е примена на Законот за градежни производи.gim

На настанот свое обраќање ќе имаат д-р Трпе Ристоски, директор на Институтот за Акредитација, и Дритон Кучи, министер за економија на РМ.

Испрати коментар

Scroll To Top