Насловна / Арт и дизајн / Промоција на монографија на Евгенија Демниевска

Промоција на монографија на Евгенија Демниевска

Во петок (27 октомври), во 19 часот во објектот на Националната галерија на Македонија – „Чифте амам“, ќе се одржи промоција на монографијата на Евгенија Демниевска, која е отпечатена по повод реализацијата на нејзината ретроспективна изложба во „Чифте амам“, насловена „Метаморфози на линијата“.

На овој настан, покрај промоцијата на новото издание на Националната галерија на Македонија од страна на соработници и пријатели на Евгенија Демниевска кои ќе говорат за нивното искуство од работата со авторката, ќе имаме и ретка можност да слушнеме презентација на авторката за „Интерактивната пракса“ во нејзиното творештво.unnamed

Учеството и интерактивноста на публиката за Демниевска од секогаш биле центар на интерес, најнапред преку рекомпонирањето на нејзините геометриски организирани слики, од страна на публиката, осмислени како сложувалки, во нејзините дела од 80-те и во 90-те години на минатиот век започнува уште поинтензивно да се интересира за тоа како може публиката директно да учествува во креирањето на едно уметничко дело. Се интересира и за новите можности најнапред на телефонот и телефаксот, а потоа и на интернетот, со чија помош без ограничувања во просторот и во времето разни интелектуалци и креативци од целиот свет, на покана на авторката, може да колаборираат во мрежното создавање на уметничкото дело.

Испрати коментар

Scroll To Top