Насловна / Арт и дизајн / Промоција на книгата „Илустрирана библиска етика“ во МКЦ

Промоција на книгата „Илустрирана библиска етика“ во МКЦ

promocija bibliski ilustracii (3)

Вечер со почеток од 20 часот во Младинскиот културен центар ќе се одржи промоција на книгата „Илустрирана библиска етика“, изложба и концерт.
„Илустрирана библискa етика“ е книга со 100 цртежи на изреки од Библијата. Нејзината цел е да ги погледне, преиспита, прoтолкува и рефлектира вековните вредности преку современа ликовна интерпретација на: Иван Ивановски, Горан Дачев, Никола Радуловиќ, Владимир Лукаш, Атанас Ботев, Ѓорѓе Јовановиќ, Андреј Анастасов – Даскаловски и Миле Ничевски.

promocija bibliski ilustracii (5)
Настанот ќе го отворат Женскиот младински хор на МКЦ и Јанинка Невчева на органа со изведба на делото Lux Aeterna од Александар Пејовски, специјално компонирано за оваа пригода, а од 22 часот на платото пред МКЦ ќе настапат Ice Soul Combo, К.Н.Н.Т и Арлекин.promocija bibliski ilustracii (4) promocija bibliski ilustracii (2) promocija bibliski ilustracii

Испрати коментар

Scroll To Top