Насловна / Вести / Промоција на библиотеката на Фондацијата Кирил Трајковски во Археолошки музеј

Промоција на библиотеката на Фондацијата Кирил Трајковски во Археолошки музеј

Утре во просториите на НУ Археолошки музеј на Македонија ќе биде отворена библиотеката на Фондацијата „Кирил Трајковски“. Тоа е британска фондација регистрирана во 2012 година.

Фондацијата „Кирил Трајковски“ веќе активно делува на територијата на Македонија во областа на археологијата, образованието, истражувањето и културното богатство.фкт

„ФКТ“ е иницијатор и спонзор на бројни активности како што се: редовна размена на професорски предавања меѓу Универзитетот во Oxford, Edinghborou, South Hampton од една страна и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од друга страна; постдипломски стипендии, организатор на археолошка изложба, конференции, иницијатор за отпочнување со теренски археолошки истражувања со тим од Велика Британија.

Во истата област „ФКТ“ ја етаблира новата библиотека која е комбинирана со ретки книги, повеќето од областа на археологијата, од кои најголемиот број на публикации ќе бидат во дигитална форма.

Испрати коментар

Scroll To Top