Насловна / Архитектура / Прогласен победникот за наградата „Мис ван дер Рое 2015“

Прогласен победникот за наградата „Мис ван дер Рое 2015“

На 7 мај оваа година беше избран победникот за престижната награда „Мис ван дер Рое 2015“, филхармониската сала „Szczecin“ од архитектонското студио Estudio Barozzi Veiga со локација во Шчечин, Полска.

Дизајнот на филхармониската сала се развивал под влијание на урбаниот контекст, стрмните покриви, вертикалноста на зградите за домување, монументалноста на неоготските цркви и тешкиот волумен на класицистичките згради. Архитектонското студио Estudio Barozzi Veiga, користејќи експресионистички пристап, употребува геометризација со цел да ја обликува новата зграда и да создаде ритмична композиција која ќе пренесува чувство на балансираност помеѓу масивноста и вертикалноста во околината. Фасадата е обложена со стаклен материјал со што објектот станува светол, транспарентен и се истакнува во урбаното ткаење на градот. Ентериерот е едноставен, со големи прозорски отвори и карактеристична обработка на ѕидовите и кровот.

филхармониска-хала-1 филхармониска-хала-2 филхармониска-хала-3 филхармониска-хала-4

Испрати коментар

Scroll To Top