Насловна / Арт и дизајн / Проектот „Субверзија во црвено“ претставен на 58. Биенале на уметноста во Венеција

Проектот „Субверзија во црвено“ претставен на 58. Биенале на уметноста во Венеција

На 8 мај во Венеција во палатата Rota Ivancich, беше претставен проектот „Субверзија во црвено“ со кој ликовната уметница Нада Прља ја претставува нашата земја на 58. Биенале на уметноста.

9
Генерална тема на 58. Интернационална ликовна изложба – Венециско биенале е: „Може да живееш во интересни времиња“, зададена од кураторот Ралф Ругоф.
Проектот „Субверзија во црвено“ е распореден во 6 простории, во прекрасниот објект од 17 век и ќе може да се види до 24 ноември годинава.

3
Како реакција на загриженоста на кураторот Ругоф за актуелните состојби, проектот на Прља го поттикнува враќањето на „заборавените” идеи за идеализмот и идеологијата, како форми на мотивација во современото општество. Предлага повторното читање и де-реконструкција на постулатите на марксистичката теорија и левичарската мисла, со цел да се побара нивната компатибилност со денешното општество, преку воведување суштински субверзивни квалитети и разиграност на уметничката практика како начин на индиректно влијание врз реалноста.

7

1
Проектот почива на постоечката историска материја, почнувајќи од општествено-политичките услови на 20 век и се до културолошките моменти на современата историја. Историските моменти се преработени со екпериментирање и адаптирање, со што се создава нов и единствен израз.

11
„Субверзија во црвено“ на овој начин ја стимулира потрагата по нови облици на општествено-политичкото организирање со ревидирање на одредени минати концепти и општествени модели, поттикнувајќи нови облици на делување на уметниците и бришејќи ги границите на учесници во општеството и на културното поле.

2
Мира Гаќина, директорката на Музејот на современа уметност – Скопје е комесар на проектот, куратор е Јованка Попова, куратор соработник Тевз Логар, a Артан Садику е соработник на теоретски прашања.

13

Нада Прља

12

фото: Роберт Јанкулоски

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top