Насловна / Вести / ЕБОР мрежа на „зелени градови“

ЕБОР мрежа на „зелени градови“

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), во рамките на својата една милијарда евра вредна програма за одржливост-EBRD Green Cities, неодамна постигна значаен исчекор со вклучувањето на 25-тиот град учесник. Станува збор за украинскиот град Мариупол, кој се приклучи на програмата на неодамна одржаниот состанок во Сараево (EBRD 2019 Bank Annual Meeting and Business Forum)

Градовите се одговорни за околу 70% од потрошувачката на енергија, и за 80% од емисиите на стакленички гасови во светот, и затоа претставуваат голем предизвик во борбата со климатските промени и заштитата на животната средина. На состанокот во Сараево, освен Мариупол, кон програмата се приклучија Подгорица, Александрија и Пинск. Сите главни градови од земјите на Западен Балкан се веќе вклучени во програмата.

Главната идеја на оваа програма е имплементација на одржливи проекти во градовите, со цел подобрување на животот на граѓаните преку подобра животна средина. Семејството на „зелени“ градови на ЕБОР (EBRD Green Cities) постојано се зголемува, а намерата е таа бројка да достигне 100.

Програмата обезбедува поддршка на градовите во идентиификување на предизвиците поврзани со животната средина, и преку изработка на т.н  Green City Action Plan (GCAP) за креира листа од соодветни инвестициски проекти и политики.

green cities1

green cities2

green citie3

green cities4

Испрати коментар

Scroll To Top