Насловна / Архитектура / Куќа меѓу два камени ѕида над која тече пејзажот

Куќа меѓу два камени ѕида над која тече пејзажот

Проектот на грчкото архитектонско биро decaARCHITECTURE за куќата Алони е двоен одговор на топографијата на локацијата и на техниките на рурално припитомување, кое во минатото го обликувале сировиот пејзаж на грчкиот Кикладски остров.

1
Во минатото, потпорните камени ѕидови биле најистакнатите вештачки интервенции во пејзажот. Ѕидовите потпирале земјата и ја претворале стрмната топографија во серија обработливи висорамнини.

6
Денес, Кикладиските острови се преобликуваат за друга намена, домови за одмор. Дизајнот на куќата ги користи камените ѕидови за задржување на земјата и создавање вештачки пејзаж кој е и рурален и традиционален.

4
Локацијата на куќата Aлони на кикладскиот остров Антипарос е еден вид природно седло на која се сретнуваат две патеки. На оската север- југ се издига нагибот помеѓу две брда, додека на оската исток – запад нагибот на теренот паѓа отварајќи погледи кон морето.

3
Два долги камени ѕида ги премостуваат ридовите, дозволувајќи и на куќата да се смести во просторот внатре, додека се одржува континуитетот на пределот кој тече над куќата.

7
Оваа едноставна стратегија ги замаглува рабовите на куќата и ја прави нејзината маса неприметна за поширокиот хоризонт на островот.

2
Присуството на оваа куќа со површина од 237 квадратни метри се открива преку четири двора уклесани во постоечкиот пејзаж. Во дворовите одвоени се просторите за живеење во пет внатрешни простории. Како резултат на тоа куќата нема многу надворешни архитектонски елементи, но полна е со природна светлина, широки погледи и компактен, но богат однос кон своето опкружување.

12
Самото име на куќата, Алони, се однесува на остатоците од кружницата за собирање на жетвата која била пронајдена и зачувана како дел од земјоделското минато на локацијата.

8 9 10

Испрати коментар

Scroll To Top