Насловна / Вести / Проектот „Купи куќа-купи стан“ го искористија 640 семејства

Проектот „Купи куќа-купи стан“ го искористија 640 семејства

kupi-kuka-kupi-stan2

Околу 640 семејства во Македонија веќе го искористија проектот „Купи куќа-купи стан“и добија средства и со тоа успеавме да решиме 640 проблеми за стекнување сопствен дом, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставревски синоќа во Прилеп.

– Проектот го работиме неколку години и наиде на интерес. Пред се, е наменет за луѓето кои имаат извесен износ на средства, а немаат доволно за сами да ја завршат работата, без разлика дали станува збор за купување стан, изградба на куќа или за доградба. За сите тие проекти има можност да се користат средства од „Купи куќа – купи стан“. Во зависност од кредитот кој треба да се земе, државната помош се движи од 8 до 14.000 евра. Сметавме дека е значителен износ на средства кои се добредојдени, посебно во првите години кога е најтешко да се исплаќа кредитот. Има и друг модел, наменет за луѓето кои не можат да соберат  пари за учество. Во тој случај, владата нуди субвенции од 50 или 75 отсто. Државата го покрива делот од готовината која треба да се обезбеди за банките, а не ратата. Двата модела се добра можност за помладите, но и за луѓето во средни години, објасни Ставревски.

Испрати коментар

Scroll To Top