Насловна / Вести / Проект „Културната разноликост – фактор за развој“ во Крушево

Проект „Културната разноликост – фактор за развој“ во Крушево

Здружението на граѓани за култура и уметност АН-БЛОК од Скопје, од денеска до 19 јануари во Крушево ќе го реализира проектот „Културната разноликост – фактор за развој“.

Проектот е поддржан и ќе се реализира во соработка со неформална група на граѓани и владини и невладини институции, а се вклучува во иницијативата на УНЕСКО за градење на култура на мирот.KONICA MINOLTA DIGITAL CAMERA

Во рамки на проектот ќе се реализираат социоработилници за меѓусебно запознавање, трибина „Културната разноликост – фактор за развој“ (интеркултурна едукација), творечка работилница на која ќе се изработуваат уметнички дела и ракотворби и изложба „Културната разноликост – фактор за развој“ која ќе биде отворена во Домот на културата „Наум Наумоски – Борче“ во Крушево на 18 јануари.

На изложбата ќе бидат претставени уметнички дела и материјални движни културни обележја. Ќе биде уредена во повеќе катчиња и во секое ќе има експонати кои се карактеристични за соодветната култура што се презентира.

Испрати коментар

Scroll To Top