Насловна / Архитектура / Проект “Archway Studios”

Проект “Archway Studios”

Archway_Studio (1)
Archway Studios
  претставува нов концепт на организација – комбинација на простор за живеење и работа, интегрирани во лондонскиот вијадукт на железницата од 19 век. Проектот функционира со стремежот за постоење на еден „притаен“ внатрешен град, позициониран до индустриската зона од едната страна на железничката линија и изложен на предизвикувачкиот дизајн што го опфаќа опкружувањето од другата страна на пругата. Доминантната структура на викторијанскиот вијадукт ги соединува населбите во градот, креирајќи коридори на конфликт соединети помеѓу себе преку индустриска примена на конструктивните лаци.

За време на деиндустријализацијата постоело изобилство на централно лоцирани „незафатени/неизградени“ арки, така што во денешно време се јавува идејата за нивна повторна продуктивна реупотреба, адаптирајќи ги на различни креативни содржини, меѓутоа не занемарувајќи ги можните потенцијални критики од страна на околната заедница…

Концептот Archway Studios зазема дел од вијадуктот дефинирајќи засводена работилница, преку атриум поврзан со резиденцијалната ниша. Дизајнот е реализиран преку постигнатиот контраст помеѓу збиеноста и длабокиот израз на лаците и витките отворени простори на атриумот и нишите.
Archway_Studio (4) Archway_Studio (5) Archway_Studio (6) Archway_Studio (7) Archway_Studio (8)
Земајќи го опкружувањето како уникатен предизвик во однос на одржувањето на состојбата на објектот за изградба на конструкцијата, т.е. школката на објектот, применети се стари „истрошени“, но издржливи материјали кои се претопуваат во индустриската средина. Ваквата релација со опкружувањето овозможува приватност и интроспективност, додека истовремено се задржува екстровертниот карактер на самиот концепт.

Уникатниот дизајн на објектот како и неговиот несекојдневен израз му овозможуваат да се истакне и покрај можноста за инфериоризираност од околните заедници. Како еден од 10-те илјади лаци кои ги сецираат населбите низ Лондон, овој прототип претставува модел кој би можел да се адаптира заради широка општествена бенефиција и регенерација.
Archway_Studio (2) Archway_Studio (9) Archway_Studio (3)

Испрати коментар

Scroll To Top