Насловна / Вести / Продолжува доизградбата на проектот Милениумски крст

Продолжува доизградбата на проектот Милениумски крст

dovrsuvanje na mileniumski krst

Деновиве почна доизградбата на Милениумскиот крст на врвот на планината Водно. Со оваа градежна активност од страна на фирмата „Турбоинженеринг“, се планира да биде заокружен проектот, онака како што било и првично замислено – со ресторан, лифт, партерно и хортикултурно уредување.

По овие градежни работи, следната активност треба да биде осветлувањето на крстот и неговата околина. Светилките од двете страни ќе бидат заменети со штедливи, а со оваа интервенција месечните сметки за електрична енергија ќе бидат пониски за 30 отсто. На крајот ќе остане да се замени постојниот лифт со нов, бидејќи сегашниот не е соодветен и е наменет за излагање на надворешни влијанија.
Во приземјето на Милениумскиот крст, според најавите досега требаше да биде отворен ресторанот со кој ќе стопанисува стопанственикот на ресторанот „Воденица“.
Довршувањето и заштитата на крстот ќе чини 1,1 милион евра, а според договорот, „Турбоинженеринг“ треба да ги заврши работите за девет месеци. Парите за проектот се обезбедуваат со донации. Прв донатор беше Владата, која за ЈСП обезбеди 970.000 литри гориво „евродизел“, за потребите за довршување на објектот.

Испрати коментар

Scroll To Top