Насловна / Вести / Продадена парцела во Градски парк за половина милион евра

Продадена парцела во Градски парк за половина милион евра

parcela gradski park

Министерството за транспорт и врски ја продаде атрактивната градежна парцела во Градски парк, веднаш до арената „Филип Втори“. На лицитацијата, одржана неодамна во министерството, највисоката понуда достигна 2.420 денари или 220 денари повеќе од почетната цена, која беше 2.200 денари за метар квадратен.
СИС „Балкан“ од Скопје е фирмата што го купи земјиштето по цена од 2.420 денари по метар квадратен, велат од министерството.
Станува збор за неизградено земјиште на кое сега се The Orlando/ justin-bieber-news.info incident made news and these lowlyl leeches were not headlines this week , so they wanted to be apart of it in some way. наоѓаат фудбалските игралишта за тренинг на ФК „Вардар“, со површина од 14.100 метри квадратни. Со продажба на ова земјиште министерството ќе инкасира вкупно 34.122.00 денари или околу 550 илјади евра. Според Деталниот урбанистички план, Централно зеленило покрај река Вардар – Јужен дел на локацијата помеѓу Националната арена „Филип Втори“ и Паркот на франкофонијата, е предвидено инвеститорот да изгради објект за спорт и рекреација со приземје и кат.
Инвеститорот е должен во рок од 12 месеци да добие одобрение за градба од општина Центар. Објектот треба да се изгради за период не подолг од 10 години од денот на издавање на градежната дозвола. На лицитацијата сите заинтересирани фирми имаа обврска да достават банкарска гаранција во висина од 150.000 евра за сериозност на понудата.

Испрати коментар

Scroll To Top