Насловна / Вести / Пристигнува електричниот SUV Mercedes-Benz EQC

Пристигнува електричниот SUV Mercedes-Benz EQC

Mercedes-Benz стартуваше со производство на електричниот SUV,  EQC 400 4MATIC. Овој модел ќе се произведува во погонот во Бремен, а може да се нарача веднаш. Особено е интерсно да се нагласи дека согласно најавите, дометот на овој автомобил ќе биде 450 километри. Britta Seeger, членка на Управата на Daimler AG, истакнува дека со овој модел компанијата влегува во новата ера на мобилност. “Автомобилот е дел од растечкото семејство на електрични автомобили во Mercedes-Benz, и ги обединува сите карактеристики на нашиот бренд – квалитет, безбедност и удобност“, вели таа. Инаку EQC е погонуван од два електромотори, и забрзува од 0-100 km/h, за  5,1 секунди. Најголемата брзина е ограничена на 180 km/h, а потрошувачката ена енергија се движи околу 20 kWh/100 km.

ecq1

ecq2

ecq3

ecq4

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top