Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Природна светлина и во затворените простории?

Природна светлина и во затворените простории?

Coelux
Истражувачкиот проект Coelux со финансиска поддршка од Европската Унија, ќе придонесе за комерцијална достапност на технологијата што симулира дифузија и пренос на сончевата светлина низ атмосферата, со физички и оптички ефекти на природната светлина, во затворените простории. Се очекува технологијата да биде на пазарот до крајот на годинава. Се работи за комбинирање на три клучни ефекти: најновата нискоенергетска LED технологија за репродукција на спектарот на сончевата светлина, софистициран оптички систем и нано-материјали.

Овие елементи се инкорпорирани во прозорец со високи технолошки перформанси, со  три можности за подесување на светлината, па корисниците можат да уживаат во светлината на Северна Европа, Медитеранот или тропските предели. Технологијата на дифузија на светлината ќе им донесе корист на лицата што не се доволно изложени на сончевата светлина. При истражувањата фокусот пред сè бил на медицински цели, но може да се применува и во станиците на метроата, спортските центри и сл. Концептот е значаен за државите каде има просторни и климатски ограничувања, како што се Обединетите Арапски Емирати, како и за државите што се најоддалечени од екваторот и имаат малку сончева светлина во текот на годината.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top