Насловна / Архитектура / Пример за тоа како новиот објект го почитува стариот

Пример за тоа како новиот објект го почитува стариот

Новиот јавен објект во градот Либерец е мултифункционален центар посветен на чешкиот актер и пејач Власта Буриан (1891 – 1962).ceska-liberec-12

Примарната цел на изградбата на објектот била да се направи културен центар посветен на легендата на чешкиот град Либерец. Во овој објект, преку предавања, креативни работилници и курсеви ќе биде претставуван животот и делото на уметникот, кој починал во 1962 година. Исто така, архитектите на студиото Stastny Pavel Architekt се надеваат дека изборот на локација ќе влијае на зголемување на активностите во овој стар дел од градот.ceska-liberec-2

Парцелата на која е изграден центарот се наоѓа во историскиот центар на градот и ја дели со девастиран објект, какви во непосредна околина ги има многу.ceska-liberec-1

Новиот објект е изграден на таков начин што ја почитува градежната линија, но исто така,  волуменот, архитектонската типологија и ритамот на околните згради, пишува ArchDaily.ceska-liberec-3

Архитектурата на целиот објект се базира на висината и габаритот на соседната зграда. Исто така, ритамот на позиционирање на прозорци и изведениот покрив се исто како и соседната зграда.ceska-liberec-5 ceska-liberec-6 ceska-liberec-7 ceska-liberec-8 ceska-liberec-9 ceska-liberec-10 ceska-liberec-11

Во приземјето покрај влезниот хол се наоѓаат простории и тоалети за вработените, додека на горните катови се просториите за организирање на изложби, работилници и слично.

Испрати коментар

Scroll To Top