Насловна / Архитектура / „Приказни за проектирањето“ од Кристоф Фелгер на Архитектонскиот факултет во Скопје

„Приказни за проектирањето“ од Кристоф Фелгер на Архитектонскиот факултет во Скопје

_DSC1149

Минатата вечер амфитеатарот на Архитектонскиот факултет во Скопје беше претесен да ги прими сите студенти и архитекти заинтересирани за предавањето „Stories about Designing“. Повеќе од 300 гости дојдоа во просториите на факултетот да го проследат излагањето на архитектот Кристоф Фелгер, партнер и дизајн директор на престижното архитектонско биро David Chipperfield Architects од Берлин._DSC1146

Во период од час и половина гостинот ја воведе публиката во светот на ова влијателно архитектонско биро. Во првиот дел од предавањето кусо ја опиша историјата на бирото, нивниот естетски и проектантски дискурс како и самата структура на работа на бирото._DSC1163

Веќе во вториот дел предавачот се осврна на комплексноста на процесот на комплетирање на едно архитектонско дело. Односно, преку нивното искуство со проектот за повеќенаменскиот објект на козметичката корпорација Amore Pacific во Сеул, Кореја, Кристоф Фелгер ни откри дел од предизвиците на архитектонската професија._DSC1166

Архитектонските приказни презентирани од Кристоф Фелгер покажаа пред присутните вистинска страст, посветеност и убавина на она што значи да се биде инженер, уметник, и пред се архитект. David Chiperfielld Architects совршено влегуваат во овие атрибути._DSC1154 _DSC1155 _DSC1156 _DSC1157 _DSC1158 _DSC1160 _DSC1162_DSC1167_DSC1148

Фотографии: Ангел Ситновски, дипл.инж.арх.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top