Насловна / Вести / Пријатен апетит! Оваа седмица изедовте 2.000 парченца пластика, или една платежна картичка

Пријатен апетит! Оваа седмица изедовте 2.000 парченца пластика, или една платежна картичка

Неделно во себе внесуваме околу 5 грама пластика, што е пропорционално на количината на пластика во една платежна картичка. Ова го покажува новото истражување спроведено на австралискиот Универзитет Њукасл. Во исвештајот се наведува дека секој човек неделно внесува по околу 2.000 парченца платика во своето тело, што на месечно ниво е еднакво на 21 грам, односно 250 грама годишно.

microplastics1

Истражувањето под името „Без пластика во природата: Проценка на човечката конзумација на пластика од природата (No Plastic in Nature: Assessing Plastic Ingestion from Nature to People) е првата глобална анализа која користи податоци од над 50 различни истражувања  на оваа тема. Притоа се истакнува дека резултатите од ова истражување се исклучително важни за разбирање на влијанието на загадувањето со пластика врз луѓето, и ја потврдуваат итноста за конкретна акција во насока на намалување на негативните влијанија врз екосистемите.

microbeads5

microbeads_glavna

Најголемиот извор на микропластиката која ја внесуваме е водата – подеднакво влијание има и флашираната вода и водата од чешма. Некои од прехрамбените производи со највисока стапка на пластични честички се школките, солта и пивото. Конзумацијата на микропластиката е само еден од аспектите на кризата со пластичниот отпад. Таа претставува голема закана по животната средина, но предизвикува и сериозни економски штети, односно 8 милијарди долари на годишно ниво, согласно податоците  на УНЕП (Програма на Обединетите Нации за животна средина).

Еден коментар

  1. emin_arusha@outlook.com

    I tebe prijatno karticava ,…
    a zoshto vie mislite deka ste poshtedeni od ovoj plasticen otpad ,….
    mozhebi novinarite se imuni od plastika ,……puffffff

Испрати коментар

Scroll To Top