Насловна / Вести / При крај изградбата на социјалните станови во Точила-Прилеп

При крај изградбата на социјалните станови во Точила-Прилеп

tocila prilep socijala

Во завршна фаза се градежните активности околу изградбата на 76-те социјални станови во населбата „Точила“.

Површината на која се протега објектот е 3.220 метри квадратни, и е наменет за самохрани мајки, социјални семејства, многудетни семејства и лица со посебни потреби. Средствата за изградба на становите се обезбедени од Европската банка за поддршка и развој, Владата и Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор.

Според градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, со реализацијата на овој проект кој наскоро и официјално ќе биде ставен во употреба се отвора можност што повеќе прилепчани да го решат своето станбеното прашање.

Распределбата на становите ќе ја врши Министерството за транспорт и врски  по електронски пат.

Испрати коментар

Scroll To Top