Насловна / Архитектура / Презентирани двете нови решенија за Националниот стадион во Токио, кои ќе го заменат одбиениот проект на Заха Хадид

Презентирани двете нови решенија за Националниот стадион во Токио, кои ќе го заменат одбиениот проект на Заха Хадид

Еве како се заврши големата драма околу новиот Национален стадион во Токио, кој треба да биде домаќин на Олимписките игри во 2020 година.nacionalen stadion tokio (6)

По неколкугодишната помпа, и речиси меѓународен инцидент, што се водела околу изградбата на Националниот стадион во Токио, авторите на новиот проект – познатите јапонските архитекти Тојо Ито и Кенго Кума ги претставиле двете свои потенцијални решенија.

Откако проектот на Заха Хадид бил одбиен со образложение дека нејзината реализација ќе  чини многу, шест месеци подоцна се претставени две идејни решенија од коишто едното ќе биде идното место каде што ќе се одвиваат Олимписките игри во 2020 година.nacionalen stadion tokio

Според презентираните рендери, и двете решенија се дизајнерски навистина воздржани дизајн и изгледаат повеќе поволни, но дали навистина високата цена (две милијарди долари) е вистинската причина за одбивање на проектот на Заха Хадид, веројатно никогаш нема точно да знаеме.nacionalen stadion tokio (2)

Првиот предлог или Дизајн А се карактеризира со повеќе нивоа на вегетација на фасадата во целиот нејзин обем, со што се истакнува поврзаноста со природата што е карактеристична за јапонската архитектура, пишува Designboom.nacionalen stadion tokio (3)

Кај Дизајн Б, исто така, се јавува дрвото како градежен материјал, со што ова решение го истакнува дрвото на фасадата во форма на низа дрвени столбови меѓу кои идејата е да се организираат повеќе транспарентни површини.

nacionalen stadion tokio (4)

Двата предлози ќе бидат темелно проучени од избран тим експерти, а избраното решение треба да започне во текот на следната година.

nacionalen stadion tokio (5)

Може да се забележи дека новите решенија имаат многу повеќе зелени површини, отколку решението на славната архитектка Заха Хадид. Еве како изгледа футуристичкото решение на Заха Хадид од коешто биле „згрозени“ јапонските архитекти.

nacionalen stadion tokio (7)

Испрати коментар

Scroll To Top