Насловна / Архитектура / Претседателот на ААМ, Мартин Пановски поднесе оставка од работната група која го анализира проектот „Скопје 2014“

Претседателот на ААМ, Мартин Пановски поднесе оставка од работната група која го анализира проектот „Скопје 2014“

Претседателот на Асоцијацијата на архитекти на Макеодонија – ААМ, Мартин Пановски поднесе оставка од работната група формирана од Министерството за култура која изработува елаборати и извештаии за спомениците и објектите од „Скопје 2014“.
Министерството за култура на Република Македонија во јули 2017 година, формираше Работна група за изработка на Анализа за реализацијата и последиците од проект „Скопје 2014“. Во Групата членуваат: проф. д-р Мирослав Грчев, м-р Никола Наумоски, политиколог и комуниколог, Мартин Пановски, архитект и претседател на ААМ, доц. д-р. Донка Барџиева – Трајковска, историчар на уметност и конзерватор и Златко Теодосиевски, ликовен критичар и советник – куратор.
Работната група има задача да подготви Анализа на реализацијата на досегашните активности од проектот „Скопје 2014“, да изврши евалуација на сите аспекти од проектот во надлежност на Министерството за култура и да даде предлог за можни решенија и мерки за реализација на активности во наредниот период.
Досега е тргнат само споменикот на Андон Јанев Ќосето од пред судот според елаборат на оваа работна група кој утврдил бројни законски прекршувања при поставувањето на овој споменик, меѓу кои и Законот за поставување на спомен обележје.

минк
Во меѓувреме м-р Никола Наумоски стана шеф на кабинет на градоначалникот на Скопје, а Златко Теодосиевски и Донка Барџиева Трајковска повеќе не се советници на министерот, но остануваат соработници како дел од повеќе работни групи.
Претседателот на ААМ, Мартин Пановски за својата оставка како главна причина ја наведе одлуката на Владата да се спроведе постапка за пренамена на Споменикот на Мајка Тереза. Министерството треба да распише јавен конкурс за избор на идејно решение за пренамена на објекот. Пановски за Радио МОФ изјави: „Се појави информација дека Владата го задолжи министерството за култура за пренамена на споменикот на Мајка Тереза. И, во суштина, тоа беше првиот елаборат каде укажавме дека е дивоградба и треба да се отстрани, бидејќи е ставен насред улица“.
Пановски потенцира според елаборатите што ги имаат направено, скулптурите вклучувајќи ја и Порта „Македонија“ се дивоградби.
„Владата треба да си преземе мерки по закон за дивоградби – или да ги легализира, или да ги сруши. Нема друга легална опција. Затоа што, едноставно, не можеш да кажеш ‘ќе седат таму’. Си евидентирал дека се дивоградби, т.е. се прекршени процедурите уште на почетокот на процесот. Штом прекршиш процедура во старт, сето понатаму е ништовно. Сите се водат како спомен-обележја, а не се водат во Собрание. А по закон, мора да бидат изгласани во Собрание. Одлуката за подигнување на споменици е противзаконска. Дури и да ја има како маркица во Детален урбанистички план, бидејќи е на Центар или Град Скопје, а не во републичко Собрание, одлуката е незаконска“, вели претседателот на ААМ.

[/mobileonly]

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top