Насловна / Вести / Прв прекуграничен железнички мост кој ги спојува Русија и Кина

Прв прекуграничен железнички мост кој ги спојува Русија и Кина

Изградбата на завршниот сегмент од железничкиот мост преку реката Амур, според надлежните, ќе биде готова следниот месец. Тоа ќе биде дел од долгоочекува инфраструктура, која има з ацел поврзување на далечниот исток на Русија со најсеверната кинеска провинција. Мостот е долг 2.209 метри, и ќе биде прв во историјата прекуграничен мост, односно мост меѓу две држави. Кина веќе го има завршено својот дел од мостот. Преку оваа железничка инфраструктура, Русија планира извоз во Кина на железна руда, јаглен, минерални ѓубрива и друга стока. Изградбата на мостот официјално почнала во 2016 година, по 28 годишни преговори. Новиот мост и пратечката инфраструктура чинат над 300 милиони УСД, и имаат вкупна должина од 19,9 километри. Околу 6,5 километри се наоѓаат во Кина, а остатокот во Русија. изградбата на оваа врска значително ќе ја олесни трговијата меѓу двете земји, бидејќи новата траса ќе биде пократка за околу 3.500 километри од сегашната. До 2020 година се очекува пораст на товарниот сообраќај за 10 пати.

Amur1

Amur2

Amur3

Amur4

Испрати коментар

Scroll To Top