Насловна / Вести / Пренасочување на сообраќајот за празникот Велигден

Пренасочување на сообраќајот за празникот Велигден

velgden soobrakaj_resize
За време на велигденскиот празник се очекува зголемен пристап на граѓани околу верските објекти поради што ќе биде засилено присуството на сообраќајната полиција.
Во оваа насока, денес, сабота, на 19 април, од 19 до 02 часот ќе биде пренасочен сообраќајот околу соборниот храм „Св. Климент Охридски“ и тоа на булевар „Партизански одреди“ на потегот од крстосницата со улицата „Франклин Рузвелт“, кај „Симпо“, се до крстосницата со булеварот „ВМРО“ и зградата на Македонски пошти и на булеварот „Климент Охридски“ на потегот од крстосницата со булеварот „Илинден“, кај Владата на Република Македонија, се до крстосницата со улицата „Димитрие Чуповски“ кај студентскиот дом.

Испрати коментар

Scroll To Top