Насловна / Архитектура / Префабрикувана куќа стигнува со камион на ваша адреса

Префабрикувана куќа стигнува со камион на ваша адреса

префабрикувана куќа во монтевидео (1)

Дека границите во префабрикацијата постојано се поместуваат, сведочи и овој пример од Јужна Америка. Архитектонската фирма MAPA осмислила еколошка куќа од 115 квадратни метри, која има минимално влијание врз животната околина. Целосно се составува во фабрика, потоа од два идентични делови се транспортира со камион до бараната локација, и тогаш се монтира на самото место на однапред подготвени темели.

префабрикувана куќа во монтевидео (3)

Овој пример од Монтевидео е интересен бидејќи куќата со должина од 12,5 метри е превезена со камион 200 километри до насади со маслинки. Темелите се направени од локален камен така што немало интервенции на локалитетот. Првиот блок од камионот е поставен на темелите, а другиот блок отпосле е насаден покрај првиот. Сето ова е направено за еден ден, пишува Inhabitat.

префабрикувана куќа во монтевидео (5)

Освен тоа што оваа куќа е еколошка и одржлива за природната средина, таа притоа одлично изгледа. Ентериерот е во целосна усогласеност со екстериерот.Внатрешноста е опремена со мебел од данскиот произведувач BoConcept.

префабрикувана куќа во монтевидео (4)

Големите стаклени површини овозможуваат импресивен поглед, па затоа е најдобро оваа куќа да се користи на плац со добар поглед.

Испрати коментар

Scroll To Top