Насловна / Вести / Предупредувачка анализа: Гринпис ја критикува БиХ поради изградбата на блок 7 во Тузла

Предупредувачка анализа: Гринпис ја критикува БиХ поради изградбата на блок 7 во Тузла

Босна и Херцеговина е меѓу земјите во Европа кои се највеќе погодени со загадувањето од термоцентралите на јаглен. Сепак, таа е една од ретките земји каде и натаму се планира изградба на нови термоелектрани, кои би можеле негативно да влијаат врз квалитетот на воздухот и јавното здравје со децении по изградбата. На ова предупредува новата анализа која ја објави Greenpeace под наслов „Проценка на влијанието на планираните термоцентрали Тузла блок 7 и Бановиќи, врз квалитетот на воздухот, загадувањето и здравјето на населението“.

Tuzla TPP

Резултатите покажуваат дека доколку се изградат и почнат со работа како што е планирано, овие термоцентрали би биле одговорни за околу 30 предвремени смртни случаи годишно. Покрај тоа, утврдено е дека загадувањето ќе биде причина за 470 астматични напади кај децата, 13 нови случаи на хроничен бронхитис и 7.600 денови боледување.  Како што се истакнува во анализата, влијанието е и прекугранично со 810 предвремени смртни случаи годишно надвор од БиХ, односно во Србија, Италија, Романија, Унгарија и Хрватска.

Во извештајот се појаснува дека влијанието на емисиите од термоцентралите блок 7 Тузла и Бановиќи се моделирани со употреба на CALPUFF моделот на дисперзија, кој користи детални податоци за состојбата на ветерот и останатите атмосферски услови со цел да се следи преносот, хемиската трансформација и таложењето на загадувачките материи.

blok7

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top