Насловна / Вести / Во Франција најголемо отстранување на хидроелектрана во Европа досега

Во Франција најголемо отстранување на хидроелектрана во Европа досега

Познато е колку се важни реките за нашиот екосистем. Меѓутоа, загрижува податокот дека само една третина од најдолгите реки на светот течат слободно. Останатите имаат препреки кои им го менуваат протокот или влијаат на речниот тек. Со фрагментацијата и регулацијата на водните текови доаѓа до бројни аномалии во екосистемот. Како што објаснува WWF:  „Тие го стопираат природниот тек на седиментите низ реката и ја спречуваат миграцијата на рибите со што се влијае на нивниот животен циклус и опаѓање на нивната популација“.

Меѓутоа од Франција пристигнува охрабрувачка вест. Во оваа земја отпочна отстранувањето на хидроелектраните Vezins и La Roche Qui Boit на реката Селин. Со својата висина од 36 метри, отстранувањето на браната Vezins воедно ќе биде и најголемо отстранување на една брана во Европа досега. „Ѝ честитаме на Франција на нејзината акција за отстранување на браните, што значително ќе влијае на животот на миграторните риби како лосос, јагула и други“, изјави Andreas Baumüller, директор на природни ресурси во WWF.

2

Отстранувањето на браната ќе ослободи околу 88 километри на реката Селин, што ќе влијае оваа река слободно да тече. Со отстранувањето на хидроелектраната ќе се зголеми квалитетот на водата, ќе влијае на враќање на рибите во нивните природни живеалишта, а ќе донесе и бројни предности за луѓето и природата долж реката.

Овие две брани се во функција од 1920 и 1930 година, меѓутоа тие одамна не работат добро. Како што објаснува асоцијацијата за отстранување на браните: „Резервоарите на браните се пополнети со седименти, генерираат мал профит, а за време на летниот период се извор на токсични цијанобактерии“.

И покрај тоа што отстранувањето на овие две брани е голем чекор за природата и цивилизацијата, поразителен е податокот дека на европските реки има околу 3.500 различни бариери. Со донација на граѓани, ширум Европа се покренуваат иницијативи за отстранување на браните и ослободување на речните водотеци.

Лососот се враќа во Мон Сен Мишел

Отстранувањето на двете брани на Селин, не само што позитивно ќе влијае на околниот екосистем, туку значително ќе ги подобри условите на една од најголемите туристички атракции во Европа.

1

„Отстранувањето на хидроелектраната Vezins е мала револуција во Европа: наместо градење нови брани, државите членки сега прават чекори кои влијаат реките повторно да ги направат проодни, како и да им го вратат биодиверзитетот“, вели Roberto Epple, основач и претседател на Мрежата на европски реки (ERN). Тој додава: „Кога ќе се отстранат браните природата може неверојатно брзо да закрепне, па едвај чекам да видам како лососот повторно ќе плива околу Мон Сен Мишел“, карпест остров во каналот Ламанш со манастир кој се наоѓа на листата на културно наследство на УНЕСКО.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top