Насловна / Архитектура / Експерти од Кембриџ тврдат дека дрвото е најсигурниот материјал за изградба на облакодери(ВИДЕО)

Експерти од Кембриџ тврдат дека дрвото е најсигурниот материјал за изградба на облакодери(ВИДЕО)

Тим на професори од престижниот Универзитет во Кембриџ во кој спаѓаат архитекти, инженери и молекуларни биолози, објаснуваат зошто иднината на одржливата градба зависи од најосновниот материјал кој го познаваме – дрвото.

oblakoder

Заедно со соработниците од архитектонското студио PLP  и инженери од компанијата Smith and Wallwork претставници на Центарот за природни материјали и иновации во Кембриџ претставија три амбициозни проекти на дрвени облакодери предложени во Лондон, Чикаго и Хаг. Конечниот изглед и структурата на овие објекти е резултат на петгодишните испитувања на можностите и потенцијалите на дрвото како градежен материјал на иднината. Употребата на дрвениот материјал како конструктивен за потребите за изградба на високи згради носи различна потенцијална корист. За почеток, дрвото е обновлив ресурс кое, за разлика од бетонот и челикот, може да ги намали трошоците и да го забрза времето на изградба. Експертите од Кембриџ тврдат дека дрвото е добар градежен материјал и затоа што е лесен, па фундирањето е олеснето, а сеизмичките влијанија се помали.

Посебно внимание е посветено на прашањето за отпорност на пожари, а интересно е дека и за ова прашање експертите се на страната на дрвото затоа што со добри методи на обработка, квалитетните дрвени материјали овозможуваат и високо ниво на безбедност по прашањето за отпорност на пожари.

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top