Насловна / Архитектура / Предлог-проект за новата регионална библиотека во Варна

Предлог-проект за новата регионална библиотека во Варна

Regionalna biblioteka vo Varna proekt

Архитектонското студио  TheeAe  го објави својот проект за конкурсот за објектот на регионалната библиотека во Варна, Бугарија. Со новиот објект, всушност, треба да се обединат шест регионални библиотеки на една единствена локација.

Regionalna biblioteka vo Varna proekt1

Според архитектонскиот концепт на TheeAe, зонирањето на објектот е многу внимателно изработено, но исто така посветено е сериозно внимание и на искористувањето на природната светлина и во самиот објект, но и за околните згради.

Regionalna biblioteka vo Varna proekt4

Геометријата на објектот е мошне прецизно проектирана во оваа смисла. Книгите се поставени на површина од околу 5.000 квадратни метри, најмногу на петтиот кат. Остатокот од книгите се вертикално наредени во транпарентни полици, така што се создава еден интересен ефект за посетителите.

Regionalna biblioteka vo Varna proekt5

Зградата е прекриена со бели метални проширувања кои оневозможуваат директно сончево зрачење.

Regionalna biblioteka vo Varna proekt2

Навистина оптимален спој на естетика и енергетска ефикасност.

REgionalna biblioteka vo Varna proekt3

 

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top