Насловна / Вести / Предизвици за термоенергетиката на јаглен во Македонија

Предизвици за термоенергетиката на јаглен во Македонија

Oslomej TEC

Здружението на eнергетичарите на Македонија (ЗЕМАК) во соработка со Македонската енергетска асоцијација (МЕА) при Стопанската комора на Македонија, вчера организира советување на тема „Значењето на термоенергетиката на јаглен за енергетските системи на Македонија, со посебен осврт на РЕК Осломеј“. На советувањето присуствуваа претставници од МАНУ, Електрани на Македонија, ФЕИТ и релевантни компании од индустријата и енергетиката.

На советувањето беа презентирани сознанијата за сите предизвици кои можат да настанат во подолг временски период од недостаток на квалитетен јаглен за потребите на нашите два носечки термоенергетски објекта, Термоелектраната во  Битола и ТЕ „Осломеј“, давајќи посебен акцент на РЕК „Осломеј“ – Кичево. Притоа, подетално стана збор за плановите за реконструкција на ТЕ „Осломеј“, односно адаптација за користење на висококалоричен камен јаглен од увоз, практика што не е непозната и за развиениот свет. Беше истакнато дека вака произведената енергија е поевтина од онаа произведена со природен гас. Но, освен за економскиот момент, експертите се осврнаа и на енергетската сигурност и независност на земјата, при што беше потенцирано дека сопственото производство на електрична енергија е од исклучителна важност.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top