Насловна / Архитектура / Предавање на архитект Симон Хартман во „Кино Култура“

Предавање на архитект Симон Хартман во „Кино Култура“

Денеска (1 декември) во 20 часот, во независниот културен центар „Кино Култура“, во организација на Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитет Американ колеџ Скопје, ќе се одржи предавање на архитект Симон Хартман, еден од тројцата партнери во архитектонското биро од Базел, Швајцарија, „ХХФ Архитекти“ (www.hhf.ch).
Симон Хартман, како дел од „ХХФ Архитекти“, има реализирано голем број проекти во Швајцарија, Германија, Кина, Франција, Мексико и САД. Поважни дела се објектите: Landskronhof и Lichtstrasee 9 во Базел, Labels 2 во Берлин, Ruta del Peregrino во близина на Гвадалахара, Мексико, Baby Dragon павилјонот во Jinhua Architecture Park, Кина.
Учесник е на 13. Биенале за архитектура во Венеција, додека на 14. Биенале за архитектура во Венеција тој е ко-куратор на Црногорскиот и на Грчкиот национален павилјон.momentum
Покрај архитектурата, едукацијата е исто така важна активност на Симон Хартман.
Од 2002 до 2007 година бил дел од педагошкиот тим на ETH Studio Basel заедно со Jaques Herzog, Pierre de Meuron, Roger Diener и Marcel Meili.
Во периодот 2008 – 2016 год. повремено е вклучен во наставата на ХТА Фрајбург, визитинг професор е на Универзитетот во Инсбрук, Австрија, и на Карлсруе институтот за технологија во Германија.
Во учебната 2016/2017 година, на Факултетот за архитектура и дизајн при УАКС, архитект Симон Хартман е раководител на Студио 1 во мастер студиите.

Испрати коментар

Scroll To Top