Насловна / Ентериери / Практичен, економичен и приспособлив дизајн на апартман

Практичен, економичен и приспособлив дизајн на апартман

апартман-1Дизајнерот Simon Woodroffe создаде компактен простор за живеење во мал апартман, кој се трансформира во зависност од потребите. Апартманот што се наоѓа во Лондон има дневен простор кој е уреден со беспрекорен модерен стил и кој лесно може да се претвори во просторија за спиење со спуштање на платформа од таванот на која е сместен кревет.апартман-2

Исто така, трепезаријата е вметната во самиот под, а за нејзино користење таа се извлекува нагоре при што како замена за столици се користи вдлабнатиот простор каде што претходно била складирана масата. Дополнителни простори за складирање се поставени по основата на апартманот. Паметниот дизајн на овој апартман истовремено е практичен, економичен и овозможува да го приспособите просторот кон сопствените потреби без притоа да зафаќате голема површина.

апартман-3 апартман-4 апартман-5 апартман-6 апартман-7 апартман-8 апартман-9 апартман-10 апартман-11

Испрати коментар

Scroll To Top