Насловна / Вести / Поволности за хибридните и електричните возила во општина Центар

Поволности за хибридните и електричните возила во општина Центар

polnaci_za_elektricni_avtomobili_01

ЈП Паркинзи на општина Центар во текот на 2016 година ќе им овозможи низа поволности на сопствениците на хибридни возила во македонската метропола. Оние лица што имаат електрично или хибридно возило ќе можат бесплатно да се паркираат на сите отворени јавни паркиралишта со кои стопанисува ова јавно претпријатие, во паркинг секторот означен за хибридни возила. Во соработка со општина Центар, на јавните паркиралишта ќе се постават постројки за напојување на возилата, со што ќе се овозможи нивно непречено користење.

„Во наредниот период ќе се одвојат средства од буџетот на општина Центар како и од Паркинзи на општина Центар токму за овие возила кои се еколошки, ја штитат околината и не го загадуваат воздухот. Во Скопје загаденоста на воздухот секојдневно е сè поалармантен и целта е да се подигне свеста и да се даде приоритет на тие возила“, се наведува во  соопштението на Паркинзи на општина Центар.

Секако, добар обид да се раздвижат работите во оваа област, но веројатно главното прашање е како да се стимулира купување на вакви возила. Добар пример за тоа е Хрватска, која нуди поволни субвенции при купување на вакви возила.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top