Насловна / Вести / Потпишана Ватиканската декларација за климатски промени

Потпишана Ватиканската декларација за климатски промени

Vatikanska deklaracija za klimatski promeni

Претставниците на околу 60 еколошки градови потпишаа Ватиканска декларација која ги повикува националните лидери да усвојат климатска спогодба со која глобалното затоплување ќе се задржи на ниво кое е безбедно за човештвото.

Како што пренесува AP, во Ватиканската декларација наведено е дека се потребни финансиски стимулации за премин кон обновливи извори на енергија, но и пренасочување на финансиите од воена потрошувачка на одржлив развој. Истакнато е дека и националните политички лидери имаат посебна одговорност да на претстојната конференција за климатски промени во Париз го лимитираат глобалното затоплување и го заштитат човештвото.

Светските стручњаци сметаат дека градовите се клучни за намалување на глобалното затоплување поради тоа што градовите емитуваат дури три четвртини од вкупните емисии на стакленички гасови.

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top