Насловна / Вести / Потпишан договорот за изградба на два километри од автопатот Скопје- Блаце

Потпишан договорот за изградба на два километри од автопатот Скопје- Блаце

Денес во Владата се потпиша договорот за изградба на првите два километри на автопатот Скопје – Блаце меѓу Јавното претпријатие за државни патишта и операторот „Гранит“.

Градежните работи се очекува да почнат на пролет, а параелно ЈП Државни патишта треба да распише и тендерот за избор на изведувач што ќе ја гради втората фаза од автопатот Скопје – Блаце.

Целокупната траса е долга 12,5 километри а целиот проект треба да чини околу 110 милиони евра.

Granit

“Од Скопје до Приштина ќе се патува за помалку од еден час, ќе се олесни комуникацијата и трговијата. Проектот почна на 20 март 2018, се направија големи напори, обезбедување финансии и други фази на дефинирање на траса, идеен проект, општ проект, објавување на тендери. Секретаријатот за европски прашања аплицираше за средства до Фондот за Западен Балкан“, рече Бујар Османи кој е координатор на проектот.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски рече дека грешките и претходното искуство со автопатот Кичево – Охрид ги натерале институциите да работат внимателно и да не брзаат, иако се работи са кратка делница.

Дванаесетте километри од автопатот, со кои ќе биде комплетиран Коридор 10, треба да бидат завршени за време на летниот период во 2021, беше кажано на прес-конференцијата.

Изградбата ќе почне на пролет, а до тогаш треба да бидат извршени 68 експропријации на парцели во сопственост на жителите на Блаце.

„Гранит“ минатиот месец официјално беше избран за најповолен понудувач за изведбата на првата фаза од проектот, која што ќе се гради на потегот од граничниот премин „Блаце“ до клучката кај селото Блаце. Покрај „Гранит“, конкурираа и „Бетон“ и бугарската „ИСА 2000“ без поништување на тендерот по изминувањето на рокот за поднесување жалби од останатите понудувачи.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top